EN | DE | ES | IT | MK | PL

NEWS


[Назад]

Во Малага се одржа последната средба во рамките на проектот АККУ Европа.

2022-06-03
Проектот АККУ Европа е кофинансиран од страна на Европската Унија, и има за цел да ја зголеми работоспособноста во микро и мали претпријатија преку мултимедијални алатки. Учесници на средбата беа претставници на седум институции од 6 различни земји (Шпанија, Италија, Белгија, Северна Македонија, Германија и Полска).

Домаќин на средбата беше шпанскиот партнер Интернет Веб Солушн, и на средбата беа разгледани сите досегашни активности и беа планирани следните чекори. Покрај другото, во рамките на проектот беа развиени повеќе од 30 алатки во различни формати (инфографици, видеа, базирани на ексел,, брошури, прашалници, листи за проверка), како и селекција на други интерактивни програми.

Партнерите во проектот ги концентрираат своите напори на споделување на резултатите со најразлични заинтересирани страни: законодавство и управа, мали и средни претпријатија (на ниво на менаџмент и вработени), како и со професионални лица од областа на стручно образование и обука, и Образование на возрасни.

Средбата помина во најдобар можен ред, и беа дискутирани сите теми кои што беа предвидено со дневниот ред. Сите членови на конзорциумот беа задоволни од развојот и остварените цели во рамките на проектот.





Партнери