EN | DE | ES | IT | MK | PL

PARTNERS


Опис на Институт за развој на заедницата, ИРЗ


Институт за развој на заедницата (ИРЗ) е невладина и непрофитна национална чадор организација за развој, образование и социјални услуги.
Здружението како неформална група ја започна својата работа кон крајот на 1994 година и со првата официјална регистрација од Министерството за внатрешни работи започна во 1996 година.

Искуството на ИРЗ се заснова на повеќе од 25 години работа во заедницата, решавање на проблемите и потребите на граѓаните и помагање во надминување на предизвиците.

Стратешки цели:
1. Подобрување на условите за живот и животниот стандард;
2. Зајакнување на демократијата и граѓанското општество;
3. Стручно образование и обука / ИТ обука;
4. Економски развој;
5. Социјални услуги за ранливи групи;
6. Социјална кохезија

Методи на работа на ИРЗ:
а Семинари;
б Конференции;
в Работилници;
г. Објавување на печатени едукативни материјали;
д. Изработка на аудио и видео едукативен материјал;
ѓ Консултации и менторирање;
е. Обуки за стручно образование;
ж. Студиски патувања и размени

Во моментов, ИРЗ има 8 вработени во своето седиште во Тетово, Македонија, а исто така има и национални координатори на проекти како фокусни точки во различни региони.

ИРЗ работи на локално, национално и меѓународно ниво, обезбедувајќи услуги и спроведувајќи активности во различни региони и во партнерство, во разни земји. Програмските активности ги спроведува на 4 континенти: Азија, Африка, Европа и Северна Америка.

ИРЗ има големо знаење и искуство во спроведување на проекти финансирани од ЕУ, обезбедувајќи високо квалитетни резултати и услуги:
- создавање разновидни е-платформи и отворени едукативни ресурси, курсеви за е-учење и има многу силен потенцијал и човечки капацитети за имплементација на проекти поврзани со е-учење.
- поседува релевантно знаење и искуство во спроведување на програмите за Стручно Образование, нуди обуки во соработка со локални и државни институции на различни теми.
- организацијата е верификуван давател на услуги на стручно образование и обука и образование на возрасни од страна на Министерството за образование и наука на Македонија.
- добро позиционирана во Македонија како организација што работи на развој на образование за возрасни и е призната од институциите како релевантна организација од таа област, потврдена со потпишан меморандум за разбирање и соработка
- работи како социјално претпријатие и нуди производи и услуги на заедницата.
- организацијата е секретаријат на националната платформа за економски развој која собира универзитети, трговски комори, организации на граѓанското општество и други релевантни институции
Прочитај повеќе

Партнери