Unit 1: Генерални информации
ЦелиClick to read
Ќе научите како да ги вклучите вработените во анкетата
Ќе научите за видовите на анкети кои постојат и како најдобро да ги користите различните видови
|
|
Ќе научите како да ја спроведете анкетата
Ќе научите кои прашања треба да ги користите при спроведување на анкетата
|
СодржиниClick to read
Лекција 1 - A
Општи информации за анкетата на вработените
Лекција 2 - B
Што треба, а што не треба да се прави при анкетата на вработените?
Лекција 3 - C
Видови на анкета на вработените
Лекција 4 - D
Едноставни прашања кои можат да се користат во анкета на вработените.
|
|
Unit 2: Општи информации за анкетите на вработените
Ангажман на вработенитеClick to read
Намалената ангажираност на вработените предизвикува повеќе отсуство од работа, поголем обрт на вработени и инхибитираност на иновативноста. Затоа, би било добро одблиску да се посматра ангажираноста на вработените и да се подобрува истатата. Во овој водич, низ возбудлива студија на случај, ќе научите колку е значаен повратниот одговор. Ќе ви покажеме како правилно да дизајнирате, имплементирате и да евалуирате една анкета на вработени
Како да ја зголемам ангажираноста на вработените во мојата компанија?Click to read
Клучот за поголема мотивација и идентификација се одржливите истражувања на вработени и соодветното изведување на мерките: редовно барајте повратен одговор од своите вработени и дозволете тоа да влијае на вашите одлуки. Тоа резултира со чувство на транспарентност и можност за учество. Од добиените резултати од анкетата, вие ќе добиете корисен увид, на основа на којшто може да дејствувате
Како да креирате анкета на вработените?Click to read
Содржината на анкетата е индивидуална. Во зависност од целта, ќе акцентирате различни теми: на пример, ако сакате да го подобрите здравствениот менаџмент на компанијата, фокусот на прашањата ќе зависи од оваа тема. Дефинирајте јасна цел, пред да започнете да ја дизајнирате анкетата. Најдобро е да користите специјален наменски софтвер за анкетата.
Кои се придобивките од анкетата на вработените?Click to read
Преглед на најважните предности на анкета на вработените:
Подобри одлуки:
Подобрата информираност води до подобри одлуки. Со увид во вашата работна сила, се создава најдобрата основа за ова.
|
Подобра комуникација:
Ако прашате, ќе добиете одговор. Анонимните анкети го олеснуваат искажувањето на мислење кај вработените. Со ова, се создава можност за брз одговор.
|
Поголема доверба и одобрување:
Ако вработените почувствуваат дека учествуваат во промените во компанијата, тоа го зголемува прифаќањето на мерките.
|
Ако ги искористите придобивките и постапувате соодветно, ќе имате поангажирани вработени, кои имаат повеќе желба за учество, кои се полојални и помотивирани |
Ангажираноста и посветеноста се важни прашањаClick to read
Ангажираноста и посветеноста на вработените спаѓаат помеѓу клучните фактори за успех кај компаниите, и затоа овие прашања се важни при спроведување на анкета на вработените. Овие прашања одат подалеку од задоволството на вработениот, што носи мала придобивка за компанијата. Вработените со поголем степен на ангажираност покажуваат надпросечни перформанси и зголемена продуктивност. Поголемиот степен на ангажираност осигурува помало отсуство на вработените и помал обрт на истите во компанијата.
Unit 3: Анкетата на вработените што правите и не
Поставете јасни цели за анкетата на вработенитеClick to read
Пред да го направите прашалникот и пред да ја спроведете анкетата, треба да бидете свесни за целите кои сакате да ги постигнете – обидете се да ги формулирате целите што е можно поконкретно. Ако знаете точно што сакате да постигнете, подоцна полесно може да процените дали превземените мерки се успешни.
Секогаш имајте на ум дека анкетата претставува само средство за цел, а вашите цели ќе ги постигнете преку мерки произлезени од резултатите на истото.
Вака изгледаат конкретни цели, но имајте на ум дека се потребни споредбени вредности од претходно спроведени анкети или надворешни индустриски репери, со цел мерките да резултираат со успех:
|
|
|
Задоволството на вработените и мотивацијата треба да бидат подобрени за три поени, во просек, на скалата, за 12 месеци.
|
|
Обртот на вработените треба да биде намален за пет проценти, во периодот на една календарска година.
|
|
Просечната бројка на отсутни денови, на вработен годишно, треба да бидат намалени за три дена, во периодот од 12 месеци.
|
|
Задоволството на директните надредени треба да порасне за два поени на скалата, во следните 12 месеци |
Најважните работи што треба и што не треба да се прават при анкета на вработенитеClick to read
Ако следите неколку едноставни правила кога го дизајнирате и спроведувате прашалникот, ќе ја подобрите стапката на учество и ќе добиете поквалитетни резултати, а со тоа ќе се зголеми успехот на анкетата.
Што не треба да правите: Избегнете ги овие грешки во анкета на вработените
|
Прашалникот е предолг: Обидете се да најдете средина и да ја спроведете анкетата толку колку што е потребно, но што е можно пократко. Секое прашање треба да допринесува кон целта, во споротивно – избришете го.
|
|
Да нема прашања без одговор: Ако се дадени опции за одговор, би требало секогаш да има опција за неутрален одговор, на пр. ”Не знам”, избегнувајте искажување на мислења, коишто ќе ги пореметат резултатите.
|
|
Формулирате комплицирани прашања на комплексен јазик : Избегнувајте прашања што се состојат од подпрашања, странски зборови, двојни негации или сложени реченици. Со прашања на јасен и прецизен јазик се избегнуваат недоразбирања |
|
Поставувате сугестивни прашања: Со фразите како “Дали се согласувате..." ги притискате учесниците во одредена насока и ги пореметувате резултатите.
|
|
Анкетата на персоналот не резултира со акција: Анкетите се алатки за подобрување, и кога ги спроведувате, на своите вработени им сигнализирате дека постои простор за подобрување. Ако ги оставите резултатите заборавени во некоја фиока, без да дејствувате, ова ќе резултира со фрустрирани и демотивирани вработени.
|
Што треба да правите: Следете ги овие совети
|
Поставете ги први анонимноста и заштитата на податоци: Вработените мора да бидат апсолутно сигурни дека нивните одговори ќе останат анонимни. Во спротивно, резултатите нема да бидат толку значајни, бидејќи најверојатно не се искрени. Вклучете го одделот за заштита на лични податоци во спроведување на анкетата.
|
|
Нагласете дека учеството е волонтерски: вработените не треба да бидат присилени да учествуваат, затоа што се бараат субјективни проценки и евалуации.
|
|
Информирајте ги вработените сеопфатно и во рана фаза: Недостатокот на транспарентност промовира несигурност и недоверба. Комуницирајте преку различните канали во вашата компанија и известете дека ќе се спроведе анкета, за кога се планира имплементација на различните фази, колку ќе трае, кои се целите итн.
|
|
Вклучете го работниот совет: Ако советот ја поддржува анкетата, довербата кај вработените расте, со тоа што расте и нивото на одговори на прашалникот, а исто така и квалитетот на резултатите.
|
|
Внимателно одберете го времето на спроведување на анкетата: Во текот на празниците или сезона на грип, кога многу од вработените се отсутни, нормално дека стапката на учество ќе биде пониска.
|
|
Комуницирајте за успесите: Ако се случат позитивни промени, известете го својот тим. Ова промовира доверба кај вработените и тие согледуваат дека нивниот збор се слуша и дека вреди да учествуваат во анкетата.
|
Unit 4: Types of employee surveys
Какви видови на анкети постојат?Click to read
Најпрво, анектите се делат на четири различни категории, во зависност од тоа колку често се спроведуваат и кога:
üЗакажани анкети,
üАнкети базирани на процеси и настани,
üИндивидуално иницирани анкети (на барање),
üАнкети можни во секое време како отворени канали за сите (секогаш возможни).
Постојат различни видови на анкети, кои во различни термини се изведуваат, во различни интервали и во различни прилики, а во прилог е приказ на најважните:
üАнкета 360 степени
Во овој вид на анкети и извршни повратни одговори, работодавачите, надредените, доколку е применливо, потрошувачите се испитувани за извршената работа. Понатаму, менаџерот ги оценува своите лидерски способности. Ова осигурува сеопфатна споредба помеѓу надворешните фактори и самопроценувањето.
ü Анкета за низ цела компанија
Овие анкети овозможуваат информации за климата во организацијата. Ова претставува основа на фундаменталните стратегиски одлуки во корпорацијата
ü Опипливи (пулсирачки) анкети
Идеално, овие регуларни анкети се одвиваат во интервали од три до шест месеци, или почесто, и овозможуваат мониторинг на успехот со мерки веќе иницирани на основа на анкетите. Опипливите (пулсирачки) проверки се вреден инструмент за успешен корпорациски менаџмент и контрола.
ü Анкети за вклучување
Onboarding-Befragungen geben Aufschluss darüber, wie die Einarbeitungsphase für neue Mitarbeitende verläuft. Das Feedback ermöglicht den Feinschliff des Onboarding-Prozesses und deckt mögliche Fehlentwicklungen auf.
ü 4.Излезни анкети
Овој вид на анкети даваат информации за причините зошто вработените даваат отказ. Со ова, добивате вредни сознанија кои можат да ви помогнат да ја намалите стапката на обрт во вашата компанија..
ü Тематски анкети
Овие анкети се фокусираат на специфична област, како што се внатрешни сектори за потрошувачи или специфични проблематични области
ü Анкети поврзани со проценка на ризик и здравје
Овие анкети се инструмент за ризици по здравјето, стресот или истрошеноста на работното место. Ризик факторите може да се идентификуваат и елиминираат во рана фаза.
Анкетата е завршена – што понатаму?Click to read
Анкетата спроведена низ целата компанија опфаќа процес на подготовки и имплементација, исто тако и последователни процеси на истото. Најпрво, процесот на концепт и оптимизирате се одвива во текот на имплементацијата и подготовката, што трае околу пет до шест месеци. Следно, вистинската анкета се одвива во период од три до четири недели. Откако ова ќе биде комплетирано, започнува евалуацијата од анкетата и подготовката на резултатите. Потоа, следува презенитарање на резултатите на извршните директори и комитетите, но најпрво треба да се известат вработените.
Најпрво, сите менаџери се информираат за претстојните процеси. На работилница, се дискутираат резултатите од анкетата и се постигнува договор за соодветни мерки. Потоа, може да се премине кон имплементација на мерките, идеално, овој процес содржи евалуација на нови податоци и добри решенија, кои се комплетирани и договорени во компанијата, пред кругот да биде затворен и пред започнување на подготовката на нова анкета.
Особено е важно последователните процеси на анкетата константно да одат напред. Во спротивно, може да резултира во фрустрација и демотивација кај вработените, коишто имаат развиено очекувања во поглед на анкетата. Ова резултира во намалување на продуктивноста. Понатаму, се намалува желбата за учество во анкетирање и останати анкетни алатки, во иднина. Искористете ги значајните резултати од анкетата, со цел да иницирате позитивни промени.
Unit 5: Пример прашања за анкетата на вработени
Пример прашања за анкетата на вработени Click to read
|
Поврзани со индивидуа
|
Поврзани со компанија/работодавач
|
Задоволство и мотивација
|
•Заволен/на сум со планирањето на работата/задачите.
•Ме мотивира навременото завршување на работата/задачите
•Секојдневно ги мотивирам останатите преку моето однесување.
|
•Задоволен/на сум со работата на менаџментот.
•Целите определени од страна на менаџментот, ме мотивираат.
•Задоволен/на сум со платата.
•Платата за мојата работа ме мотивира.
•Генерално,задоволен/на сум од компанијата, како вработен/на.
•Генерално, задоволен/на сум со комуникацијата во компанијата.
•Придобивките од компанијата се добри.
•Задоволен/на сум со храната (мензата).
|
Стратегија и цели
|
•Се согласувам дека треба да се фокусираме на краткорични финансиски цели.
•Состаноците со персоналот се одржуваат регуларно и даваат добра основа за тековен проблем во компанијата.
•Знам зошто се залага компанијата/продуктот/брендот.
|
•Одлуките на менаџментот ме засегаат конкретно.
•Ја знам корпорациската стратегија.
•Задоволен/на сум со долгорочната корпорациска стратегија.
•Моето искуство покажува дека работиме сите заедно како партнери и за групниот интерес.
•Убеден/на сум дека ориентацијата ќе и овозможи на компанијата долгорочно да се задржи на пазарот.
•Можам да кажам дека ги знам важностите на индивидуалните цели на компанијата.
•Верувам дека компанијата е на вистински пат за економско подобрување.
•Ги знам долгорочните цели на компанијата.
•Можам да ја објаснам стратегијата на другите.
|
Ориентација за потрошувачи
|
•Нудам контакт со потрошувачи.
•Го почитувам мислењето на потрошувачите.
•Уживам во односот со потрошувачите.
•Перспективата на потрошувачите ми помага при развој.
•Постоечките процеси, ИТ алатките и работните текови ми овозможуваат ефективно да одговорам на потребите на клиентите (надворешни и/или внатрешни).
|
•Нашата компанија се грижи за мислењето на потрошувачите.
•Мислењето на потрошувачите се почитува правилно.
•Задолен/на сум од начинот на којшто се третираат потрошувачите.
•Потрошувачите го помагаат развојот.
.
|
Комуникација / Повратен одговор
|
•Го изразувам своето мислење на тема за работата.
•Отворено и искрено се однесувам кон своите колеги, на секојдневно ниво.
•Имам прилична информираност за важни нешта и процеси.
•Ги добивам сите важни информации за работата.
•Мислам дека има смисла истражувањата да се спроведуваат на регуларна база.
•Моите задачи и цели ми се јасни.
|
•Економските промени се случуваат низ соодветни стратегии од човечки ресурси.
•Задоволен/на сум од начинот на којшто компанијата одговара на економските промени.
•Гледам на економските промени како на шанса.
•Чувствувам прилична информираност за тоа што се случува во компанијата.
•Чувствувам добра информираност за економската ситуација во компанијата.
•Комуникацијата е за пример!
|
Иновација/Процеси за промена
|
•Мислам дека истражувањата на регуларна основа имаат смисла.
•Опсегот на анкетата е соодветен.
|
•Разбирливи ми се промените.
•Ја доживувам компанијата како прогресивна и модерна.
|
Унапредување/понатамошна едукација
|
•Можам да научам нешто значајно низ работата.
•Работата нуди работа за понатамошна едукација.
•Задоволен/на сум од личниот развој низ работата.
•Учењето на нешто значајно преку работата ме мотивира.
•Работата ми нуди прилики за развој.
|
•Компанијата нуди добри прилики за обука.
•Генерално, задоволен/на сум со начинот на развој на знаење во компанијата.
•Компанијата ми нуди добри прилики за надоградување.
•Компанијата промовира прилики за развој.
•Во нашата компанија има доволно можности за обука за мој професионален развој.
|
Правичност / Доверливост
|
•Распределувам работа/ задачи на добар начин.
•Мојот труд е препознаен.
|
•Сметам дека одлуките на менаџментот се коректни.
•Коректно сум платен/на за својата работа.
•Мојата работа е коректно платена.
•Компанијата ми нуди сигурна работа.
•Одлуките на менаџментот ги сметам за разбирливи.
•Чувстувам дека сум коректно третиран/на.
|
Посветеност /
Ангажман
|
•Кога работам, заборавам на времето.
•Комплетно се апсорбирам во работата.
•Работата ми предизвикува ентузијазам.
•Работата ме инспирира.
•Се гордеам со својата работа.
•Имам полна енергија кога работам.
•Кога работам, се чувствувам енергично и здраво.
•Кога се будам наутро, се радувам за работата.
•Се гордеам што работам во мојата компанија.
|
•Компанијата се смета за атрактивна во мојата приватна околина.
•Чувствувам дека привлечноста на пазарот на трудот се зголемува.
•Сликата на компанијата потпомага да се доведат и задржат најдобрите таленти.
•Би ја препорачал/ла компанијата на пријател или познаник.
•Чувстувам силна поврзаност со својата работа.
|
Работна клима/
Препознавање
|
•Моите идеа и сугестии и предлози ќе бидат земени во предвид.
•Моите сопствени идеи и предлози се земаат во предвид.
•Моите сопствени идеа и предлози се вреднувани.
•Генерално, задоволен/на сум од работните услови.
•Кога ќе помислам на успесите и вложениот труд, чувствувам дека вложениот труд е соодветен.
|
•Задоволен/ на сум од организациските промени во компанијата.
•Организациските промени ме поттикнуваат.
•Мојата репутација во компанијата е добра.
•Во работната околина, потребите за (дигитален) маркетинг бизнис се прилично поддржани.
•Генерално, работната атмосфера е добра.
|
Работни услови и процеси
|
•Можам самостојно да решавам проблеми.
•Се обидувам да најдам решенија за проблемите на работа.
•Задолен/на сум од начинот, на којшто ги решавам проблемите на работа.
•Ги решавам проблемите на ефективен начин.
•На работното место, не постои недостаток на работен простор и средства за работа.
•Можам самостојно да ја испланирам и да ја организирам работата.
•На работа, целосно сум посветен/на на она што го работам.
•Компанијата има можност да биде прилично подобра од конкуренцијата, дури и во време на криза.
•Генерално, задоволен/на сум од работните услови.
•Опремата на работното место е солидна (технологија, материјали, алатки).
•Надворешните услови на моето работно место се добри (светло, воздух, бучава, хигиена, итн).
|
•Мојата компанија нуди околина за добри перформанси.
•Задоволен/на сум од понудените информации на интернет.
|
Барања од работата / здравје
|
|
|
Барања од работата / здравје
|
•Ја планирам својата работа/задачи.
•Мојата работа има високи барања.
•Мојата работа има разумни барања.
•Задоволен/на сум од барањата што ги има мојата работа.
•Барањата од мојата работа ме мотивираат.
•Често сум под притисок на времето.
•Имам премногу работа.
•Постојат работи, којшто се премногу комплицирани.
•Постојат барања за концентрација, коишто се превисоки.
•Често повторувачките задачи ме изморуваат.
•Барањата често се нејасни.
•Комуникацијата со моите клиенти (пациенти) е често многу тешка.
•Моите клиенти (пациенти) се често некултурни.
•Тоа што ќе го слушнам за (животот) ситуацијата на моите клиенти (пациенти) е тешко за процесирање.
•Често ги нема потребните информации, материјали и работна опрема (пр.компјутер) на достапност.
•Постојано сум прекинуван во мојата вистинска работа на пр. на телефон.
•Работните услови се неповолни (бучва, нечистотија, влажност, температура).
•Работата бара многу физички труд.
•Работата ми овозможува доволно паузи.
|
•Доживувам дека организацијата во компанијата се менува.
•Мерките за унапредување на здравјето се добри.
|
|