Unit 1: Генерални информации
ЦелиClick to read
Иницијатива и мотивација за работа
Со помош на квалитетните кругови, вашите вработени работат волонтерски заедно, со цел на подобрување на вашата компанија. Квалитетните кругови промовираат иницијатива и мотивација за работа.
Проценка на перформансите на членовите на тимот
Ќе научите како да ги процените перформансите на своите вработени
|
|
Подобрување на работните перформанси
Ќе научите како на правилен начин да давате критика и пофалба на своите вработени. Ова се значајни задачи на еден менаџер
Како да изведете квалитетен круг?
Ќе ги научите улогите и чекорите за начинот на изведување на квалитетниот круг, со цел на подобрување на лидерските вештини.
|
СодржиниClick to read
Лекција 1 - A
Квалитетен круг и правила за истиот
Лекција 2 - B
4 улоги и процеси на квалитетниот круг
Лекција 3 - C
Подобрување на перформансите за работа преку мотивирани вработени
Лекција 4 - D
Како да ги оцените перформансите на членовите на тимот на правилен начин?
|
|
ВоведClick to read
Како вашите вработени го подобруваат квалитетот во вашата компанија?
Како лидер, не е секогаш возможно да имате увид во најмалите агли на вашата компанија. Вие зависите од помошта на вашите вработени, кога се работи за откривање на слабостите и нивно подобрување, на значаен начин.
Еден од инструментите за подобрување на квалитетот на вашата компанија е т.н. квалитетен круг. За разлика од едноставните состаноци на работните групи, јасната цел на оваа алатка е да донесе позитивни промени во вашата компанија. Важно е учеството да биде целосно волонтерски. Волонтирањето создава мотивација и води кон реални резултати.
Долгорочно, подобрувањето на квалитетот ќе стане иницијатива ако сите учесници во квалитетниот круг имаат позитивен став и го поддржуваат овој вид на соработка.
На крајот, секој е подеднакво одговорен
за успехот на вашата компанија!
Unit 2: Quality circle: goals and rules
Цели на квалитетниот кругClick to read
- Подобрување на продуктивноста во работната област
- Елиминација на грешки во производството
- Обезбедување квалитет во производството
- Откривање нови ставови и однесувања
- Развој на повеќе самодоверба и социјални вештини
- Подобрување на групните динамички процеси
Повеќе информации за квалитетниот круг можете да најдете тука:
https://study.com/academy/lesson/quality-circle-definition-process.html#quiz-course-links
Квалитетен круг и правила на истиотClick to read
Квалитетниот круг потекнува од Јапонија и претставува форма на работа во тим. Тимовите имаат за задача да го подобрат квалитетот на процесите и производите во една компанија. Дополнително, потенцијалот за перформанси е подобро искористен и атмосферата за работа е подобрена. Во дефинираните кругови за работа, секој вработен допринесува со своето знаење и искуство.
Постојат 5 правила на квалитетен круг, коишто треба да се следат, со цел на структурирање на тимската работа:
Придржувањето до овие резултати гарантира дека тимската работа нема да се претвори во пауза за кафе, туку ќе донесе конструктивна соработка.
Unit 3: Круг на квалитет: улоги и процес
4 улоги на квалитетен кругClick to read
Во квалитетен круг, постојат 4 улоги со дефинирани задолженија. Персоналот од квалитетниот круг припаѓа или на проектна група или на тим за квалитетниот круг.
Коодинацијата е особено важна во квалитетните кругови. Затоа, улогите формираат контролирачки и координативни примери. Прецизната распределба на задачи охрабрува активно учество.
|
|
|
Извршното тело на квалитетниот круг се проектините групи. Секоја група се состои од максимално 15 членови, кои редовно се состануваат. Групите работат на решавање на проблемите во компанијата, откриени од страна на тимот на квалитетниот круг и ги истражуваат причините. |
|
Лидерот на тимот е член на квалитетниот круг и ги одобрува одлуките на тимот. Тој одржува блиски контакти со Одделот за обезбедување на квалитет во вашата компанија или менаџментот, со цел на извештај за успесите на подобрување на квалитетот. Како координатор на квалитетниот круг, тој ги одредува датумите за состаноци и презентации на проектната група. Дополнително, тој е задолжен за назначување на ментор на секоја проектна група |
|
Тимот на квалитетниот круг се состанува редовно и се состои од максимум 9 членови. Тимот ги состава и ги координира индивидуалните групни проекти. Најпрво, се спроведува анализа на силните и слабите страни на компанијата. Потоа, тимот состава план за акција за адресирање на откриените слабости. Овој план за работа треба да биде што е можно поконкретен и да содржи закажани пресвртници. Планот за работа резултира во работни задачи, што понатаму тимот ги распределува на проектните групи или на индивидуи од истите. Треба да има различна проектна група за секоја тема. Откако задачите ќе бидат поделени и закажани, тимот има за задача да ги контролира извршувањата на задачите и да прима извештаи или презентации за проектните групи. Дополнително, тимот го известува лидерот на проектот за успесите при спроведувањето.
|
|
Секоја проектна група има ментор, кој е дел од групата и ја координира. Тој има за задача да ја надгледува имплементацијата на задачите и да нуди помош при пречки, пр. ако е потребен дополнителен персонал или дополнителна помош. Менторот е задолжен за крајниот извештај за резултатите на работната група.
|
Како да направите квалитетен круг ќе научите на следниот слајд
Процесот на квалитетен кругClick to read
Квалитетниот круг може да се подели на 12 чекори. При секој чекор, задачите се распределуваат на членовите на проектните групи
Чекор 1
|
Чекор 2
|
Чекор 3
|
Чекор 4
|
Изведувањето на анализа на слабите страни и определување на вистинските задачи:
üГенерирање на листа на проблеми со бура на идеи (бреинсторминг)
üПриоритизирање на проблеми со користење на А,Б,В анализа
|
Идентификација и распределба на средината, причините, потрошувачите и добавувачите.
üПарето анализа и рејтинг базиран на претходни информации
üРегистрирање на селектиран проблем со координаторите
|
Дефинирање на слаби страни, неопходни работни чекори и цели, кои ги одредуваат посакуваните исходи на квалитениот круг.
üПроточен дијаграм
|
Проектните групи имаат распределено слаба страна и анализа на проблемот, како и негови причинители.
üПрибирање на информации
|
Чекор 5 |
Чекор 6 |
Чекор 7 |
Чекор 8 |
Се презентира анализата и се развиваат можни решенија.
üБура на идеи (бреинсторминг)
üДијаграм на причина за ефектот.
|
Причините и решенијата се презентирани на тимот на квалитетниот круг со соодветна евалуација.
üСобирање на податоци
üСпоредба
üДискусија
|
Проблемот се решава конкретно. Се предвидува неопходниот персонал и материјалните ресурси и се прави анализа на трошоците.
üБар, пита, ареален график, хистограм, стратификација, дијаграм на распрснување
üАнализа Зошто-Зошто ?
|
Се прави план за имплементација и се распределуваат задачите за имплементација со поддршка на менторот и тимот на квалитетниот круг.
üБура на идеи (бреинсторминг)
|
Чекор 9 |
Чекор 10 |
Чекор 11 |
Чекор 12 |
Развиеното решение мора да се имплементира и да се документира. Планот за имплементација можеби ќе се имплементира успешно.
üБура на идеа (бреинсторминг)
|
Откако ќе се имплементира решението, тимот ги анализира резултатите и ги документира успесите и неуспесите.
üСобирање на податоци
üАнализа
|
Успешната имплементација може да биде цврсто вклопена во процесите на компанијата.
üАнкета на клучни бројки
|
Проектот се затвара во форма на финален извештај. Ова ќе направи преглед на областа за квалитет и ќе ги документира искуствата од проектните групи.
üИзвестување
|
Unit 4: Како да ги зголемите работните перформанси
Како да се зголемат работните перформанси преку мотивираните вработени ?Click to read
Голем број на менаџери имаат мислење дека ако не делат критики, тоа е еднакво на позитивно мислење. Но, на вашите вработени им е потребен конкретен повратен одговор, во спротивно, не знаат како да се класифицираат себеси или својата работа. Како и да е, вистинскиот и соодветен повратен одговор, не само што води до поголема безбедност, туку и ја зголемува мотивацијата кај вработените.
Изостанувањето на препознавање е една од најчестите причини за жалби од незадоволни вработени. Назначените надредени се, најчесто, многу задоволни со работните перформанси, но не делат коментари за тоа. Коректините критики и пофалби претставуваат важни задачи на еден менаџер.
1. Бидете автентични
Едноставно тапкање по рамото на самите себеси, на секојдневно ниво, води кон тоа да пофалениот вработен не го регистрира можното замислено тврдење. Исто така, не треба опсесивно да барате работи за критики или пофалби. Најважниот услов за ефективна пофалба е вашето лично убедување во позитивните перформанси.
2. Преиспитајте ги вашите стандарди
Ако сте личност која има многу високи стандарди, првата препорака би се однесувала кон тоа да никогаш не навлегувате во ситуации да гледате на некое изведување како позитивно. Во овој случај, треба да имате во предвид дека вашите стандарди не се мерило за сите нешта и треба дефинитивно да користите пониски стандарди кога ги оценувате своите вработени. Исто така, не можете да ги оценувате сите вработени по ист критериум
3. Регуларна анализа на перформансите на вашите вработени
Со цел да критикувате или пофалите свој вработен на насочен начин, потребно е строго да ги надгледувате нивните дејствија. Во случај на грешка, може да ги почувстувате последиците самостојно, но позитивните дејствија, најчесто, се потешки за препознавање. На крајот од денот или неделата, погледнете нананзад и запрашајте се: Дали назначениот вработен работел под или над своето вообичаено ниво?
4. Усогласете ја пофалбата со перформансот
Пофалбата е ефективна само ако е прикладна и индивидуална. Не се работи за тоа како перформансот влије на компанијата, туку за тоа колку е ангажиран вработениот. Ако вработениот постојано покрива за своите колеги, а тоа не го подобрува цекокупниот перформанс, ова е сепак е причина за специјална пофалба.
5. Константно давајте пофалби за добрите перформанси
Иако е генерално точно дека пофалбите треба да бидат исклучително давани при помалку или повеќе подобар перформанс, мора да бидете внимателни при истите. Постојат вработени на кои може да се потпрете и кои константно добро работат. Мора ова да го препознаете и тие да бидат редовно пофалени.
Unit 5: Како да го подобрите работниот перформанс преку мотивирање на вработените?
Како да го подобрите работниот перформанс преку мотивирање на вработените?Click to read
Како менаџер, треба да ги оцените перформансите на своите вработени на одредено време. Квалитетот на оценувањето се потпира и паѓа на вашето надгледување и изведување на интервјуто. Поделете ги пофалбите за перформансот во 3 фази, со цел да добиете поконкретни и пореални пофалби.
Не го вршете оценувањето во брзање, на пр. брзо по завршувањето на периодот на подобрување. Искуството покажало дека проценките на перформансите на испитаниците може да бидат многу површни. Постои голем ризик дека персоналните и емотивните аспекти го оневозможуваат објективното расудување. Резултатот е незадоволство помеѓу вработените кои се засегнати и одложување на перформансот на следниот проект.
3 чекори за точни и коректни проценки на вработените:
Набљудувајте
V
|
Водете пишани забелешки пред проценките, пр. Во текот на проект за подобрување, со цел да се евалуира перформансот и однесувањето на вашите вработени на систематски начин, со цел на систематско подобрување на проценките. Користете ги белешките, на пример, за реферирање на релативноста и заложбата за работа, работното однесување во различни работни ситуации, соработката или допадливоста на вашиот вработен или вработени. На овој начин, вашите проценки не се базираат само на периодот пред интервјуто.
Водете мал бележник со белешки, што секогаш ќе ги носите со себе. Во најдобар случај, можете да се повикате на конкретни факти за вашиот надзор. Така, секогаш ќе ги документирате овие настани во најбрз временски период.
СОВЕТИ ЗА ВО ПРАКСА: Внимавајте како се однеувате со пишаните забелешки; избегнувајте уништување на доверливи соработки. Под ниедни услови вашите вработени не треба да добијат впечаток дека водите забелешки за нив.
|
Проценете
V
|
Погледнете ги вашите белешки внимателно пред интервјуто за проценка, за да не треба да се навраќате на истите во текот на интервјуто. Забелешка: Тоа не е доказ што го чувате, туку вашата лична меморија помага за поправедно оценување на вашите вработени.
|
Разговарајте
V
|
Секогаш дискутирајте ги проценките со соодветен вработен и забележувајте ги резултатите од дискусијата. Со цел вашиот вработен да не биде заслепен во одреден момент кога ќе добие оценка што нему или нејзе не му се чини разбирлива, треба отворено да разговарате за тоа со него. Оваа дискусија, исто така, ќе послужи при планирање и распределување на вашиот персонал на идни проекти. Запрашајте се:
üКако можам подобро да го унапредам мојот вработен?
üКако може да се предвиди елиминацијата на неговите слабости?
|
Критериуми за проценка на вработенитеClick to read
Criteria for an employee appraisal
Објективни критериуми за проценка
Објективните критериуми лесно се определуваат затоа што се комплетно разделени од вашите вработени, на пр.:
üКвалификации,
üВештини и способности,
üОтсутни денови, и
üГлавни области на ангажираност во проекти, во компанијата, итн.
|
Субјективни критериуми за проценка
Не постои вработен што има само јаки или слаби страни. Затоа, составете листа на критериуми според кои ги оценувате сите вработени, на пр.
üПридржување кон крајни рокови,
üФлексибилност,
üМотивација,
üСоцијална компетентност,
üСпособност за работа под притисок,
üКритични избори, итн.
|
Unit 6: Сумирање клучни зборови
Клучни зборовиClick to read
|