EN | DE | ES | IT | MK | PL

TOOLBOX


 IPAQ Прашалник

Повратни информации

Tool

General info

PPT
Опис на целта

IPAQ (Интернационален прашалник за физичка активност) е алатка за самооценување развиена од групата IPAQ. Прашалникот има за цел да им помогне на луѓето сами да го проценат нивото на физичка активност. Моделот на категорични резултати предлага три различни резултати (т.е. “Категории”):
1. Низок : овој резултат е за луѓе кои воопшто не се занимаваат со никакви физички активности од било кој тип
2. Умерен: овој резултат е за луѓе кои практикуваат енергична физичка активност најмалку 3 или 5 пати неделено физичка активност со умерен интензитет или 30 минути дневно пешачење.
3. Висок : овој резултат е за луѓе кои практикуваат умерено –интензивни физички активности 7 дена во неделата.
IPAQ прашалникот е јавно достапен, со БЕСПЛАТЕН и ОТВОРЕН пристап: академците и научниците од сите области на науката се многу охрабрени да се потпрат на него како методолошка рамка за истражување. Прашалникот IPAQ доаѓа во две различни верзии:
• Кратка верзија, препорачана за мали пилот-иницијативи на локално ниво или во случај на “физичка активност во последните седум дена”
• Долга верзија се препорачува за големи истражувачки програми ИЛИ во случај на „вообичаена физичка активност“ (т.е. спортисти, спортисти/жени)
Во контекст на АККУ проектот, партнерите ќе предложат кратка верзија како многу посоодветна за обемот на овој Работен Пакет.

Придобика од алатката

Во контекст на АККУ проектот, IPAQ алатката може да има стратешка важност во пристапот на просечното време кое вработените/менаџерите го минуваат физички активно. Научната литература што ја поврзува физичката активност со подобри работни перформанси е исклучително богата со придонеси. Врз основа на резултатите, менаџментот и/или сопствениците на органзиациите може да развијат, одржат и промовираат понатаможен водич/препораки/внатрешни политики за да поттикне здрав начин на живот кој може да биде од корист за добросостојбата и работната способност на работниците/вработените.

Како да се користи алатката

Прашалникот прави јасна разлика помеѓу УМЕРЕНИ и ЕНЕРГИЧНИ физички активности :
• УМЕРЕНИ физички актвиности: подразбираме активности кои бараат умерена доза на физички напор и ве тераат да дишете нешто потешко од нормалното
• • ЕНЕРГИЧНИ физички активности: подразбираме активности кои бараат голем борј физички напори и ве тераат да дишете многу потешко од нормалното
Разликата е многу важна бидејќи во зависност од разгледуваната активност, придонесите од испитаниците се обработуваат на различни начини.
Енергичните активности трошат двојно повеќе МЕТ од умерените: МЕТ (метаболички еквиваленти) е е елементарна единица која се користи во здравството за пресметување на потрошената енергија на телото и поедноставно, интензитетото на вежбање или актвиност. На пример според научните стандарди:
1 MET = тело во мирување (т.е. седење) = приблиѓно 3,5милилитри потрошен кислород по килограм телесна тежина во минута.
12,3 МЕТ = скокање јаже
Итн....
Поопшто:
• ЛЕСНИ физички актвиности < 3MET
• 3 MET<УМЕРЕНИ фзички актвиности <6MET
• 6 MET < ЕНЕРГИЧНИ актвиности
Испитаниците можат самите да ги пресметаат нивните просечни неделни МЕТ следејќи ја оваа многу едноставна формула :
• МЕТ Енергични активности =минути дневно *денови* 8 МЕТ = XXX
• МЕТ УМЕРЕНИ активности = минути дневно *денови*4 МЕТ = YYY
• МЕТ од пешачење =минути дневно*денови*2,5 МЕТ (бавно), 3 МЕТ (умерено), 3,3 МЕТ (брзо) = ZZZ
Тотално МЕТ неделно = XXX + YYY + ZZZ
Ако испитаниците консумираат помалку од 700 МЕТ / неделно → тие се НЕАКТИВНИ
Ако испитаниците консумираат помеѓу 700 и 2519 МЕТ/неделно → тие се ДОВОЛНО АКТИВНИ
Ако испитаниците консумираат повеќе од 2520 МЕТ / неделно → тие се АКТИВНИ или МНОГУ АКТИВНИ

Целна група

Сите луѓе

Времетраење

15 мин

 Материјал поврзан со обуката

Партнери