EN | DE | ES | IT | MK | PL

TOOLBOX


 Проверка на работното место

Повратни информации

Tool

General info

PPT
Опис на целта

Во многу случаи, работата на биро и на екран е поврзана со посебни, а понекогаш и многу високи оптоварувања, кои може да се бидат избегнати преку добар дизајн на работните места. Како резултат на тоа, долгорочното одржување на вработливоста може да биде поддржано обично само со мали промени.
Целта на овој инструмент е подобрување на канцелариските активности на таков начин што вработените ќе можат да ја извршуваат својата работа на здрав начин и без рестрикции до пензионирањето.

Придобика од алатката

Cо Проверка на работното место, можете конкретно да го проверите квалитетот на работното место во вашата канцеларија. Ве молиме проверете го секое индивидуално работно место, како што условите секогаш ќе се разликуваат. Проверката на канцелариското работно место може да послужи како вовед во сеопфатна проценка на ризикот.

Како да се користи алатката

Откако го опишавте работното место во првиот чекор, ве молиме означете дали вашето работно место е оптимално во споменатите точки (“да”) или не (“не”)
Доколу е возможно направете мали промени директно и потоа оценете го вашето работно место после промената. Ако е потребно, ве молиме објаснете ја вашата оценка во колоната “Забелешки ” за да можете да се повикате на неа при изготвување мерки на проектирање.

Проверката на канцелариското работно место ги опфаќа следниве области :
1. Опис на работата
2. Поставување работна опрема во просторијата
3. Осветлување и услови за осветлување
4. Внатрешната клима и бучава
5. Работна маса, работна површина
6. Уредување на работната опрема
7. Канцелариски столчиња
8. Прва помош
9. Скали и степеници
10. Разно

Целна група

Извршни директори, сопственици и управни директори, Вработени

Времетраење

20 мин

 Материјал поврзан со обуката

Партнери